Новите барања за енергетска ефикасност за телевизорите ќе важат и за компјутерските монитори, кои сѐ повеќе се користат за гледање на тв програми, а подоцна ќе бидат воведени и за другите апарати за домаќинство. Благодарение на овие нови прописи во Брисел очекуваат дека потрошувачите ќе плаќаат околу осум милијарди евра помалку на сметките за струја. Во Европската унија, спрема податоците за 2011 година, се продаваат повеќе од 60 милиони телевизори и околу 16,5 милиони монитори за компјутери.
Откако се донесоа слични прописи за правосмукалките кои предизвикаа бурна реакција во јавноста, планираните прописи за телевизорите ќе послужат како тест за нови стандарди на тостерите, феновите, а ќе бидат обзнанети во 2015 година.
Новите стандарди за телевизорите, кои ќе започнат да важат најрано во јуни 2016, ќе бидат построги по прашањето за потрошувачката на енергија од важечките на кои е предвидено само мерење на енергетската ефикасност на внатрешните компоненти.
Здружението на производители на телевизори не сакале да ги коментираат најавените барања за поголема енергетска ефикасност пред да се консултираат со членките на здружението. Телевизорите се заслужни за околу 10% потрошувачка во домаќинствата во ЕУ и нивниот удел расте во последните десет години.
Спрема некои истражувања, потрошувачката на струја на европските телевизори е еднаква на вкупната потрошувачка на станбениот сектор на Шведска и Португалија заедно. Новите прописи ќе вклучуваат и барања кои се однесуваат на користење на ресурсите, како и на оние кои ќе обезбедат што поголем број телевизори за рециклирање.
ЕУ постави цел да до 2030 година ја намали потрошувачката на електрична енергија до 30%. Покрај моќните правосмукалки може да се случи уште дваесетина мали апарати за домаќинство да исчезнат од пазарот. Помеѓу производите на кои се намерачила ЕУ се наоѓаат и фенот, чајникот и косилката за трева.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град