Технолошки настани кои ја одбележаа 2015 година

Зад нас е година преполна со занимливости во технолошката индустрија

 |  инфодеск  | 

Минатата година беше исклучително интересна за технолошката индустрија и тешко е да се издвојат сите интересни работи но спрема Business Insider ова се некои од случувањата и производи по кои ќе се памети минатата година.

Apple Watch – прв потполно нов производ кој Apple го претстави по смртта на Steve Jobs. Овој гаџет многу брзо го покори пазарот на паметни часовници, а иако нема официјални информации за бројот на продадени примероци, Tim Cock рече дека побарувачката ги надмина сите очекувања.

Автопилот во автомобилите на Tesla – автомобили со кои ќе управува компјутер во иднина ќе доминираат по патиштата, а како ќе изгледа тоа искуство го покажа Elon Musk, односно неговата компанија Tesla. Нивните автомобили неодамна добија опција на автопилот која се покажа сосема безбедна, но забележани се случаеви каде доколку немало човечка интервенција би дошло до судир. Ќе треба да помине време до усовршување на хардверот и софтверот за потполно автономни автомобили, но ова е голем чекор напред.

Голем безбедносен пропуст на Android – Оваа година е откриен опасен безбедносен пропуст Stagefright со чија помош хакерите можеа да ја превземат контролата над телефоните. Беа загрозени околу милијарда корисници, а од Google брзо се реагираше на решавање на тој проблем.

Вештачката интелегенција чекор поблизу до реалноста – сѐ повеќе компании вложуваат големи пари во развој на вештачката интелегенција, а најголем потег на овој пазар направи Google во ноември кога најави свој систем наречен TensorFlow кој е овозможен бесплатно до сите,а што би можел да допринесе до уште поголем развој на вештачката интелегенција.

VW користеше софтвер за измама на еко тест – германскиот џин во автоиндустријата е фатен во голема измама поради која изгубија милијарди евра пазарна вредност.

Google стана Alphabet – Интернет дивот минатата година спроведе голема корпоративна реорганизација и сега се две дивизии, вклучувајќи го и најважниот дел на Google кој вклучува пребарување, YouTube и Android, а кои се на врвот на компанијата Alphabet.

Instagram поголем од Twitter – Иако за многумина Twitter е најважната социјална мрежа по Facebook, оваа мрежа има големи проблеми со привлекување на нови корисници. Такви проблеми немаше Instagram, кој Zuckerberg го купи пред неколку години за само една милијарда долари – бројот на корисници ја надмина бројката од 400 милиони и го престигна Twitter.

Регулација на беспилотни летала – уште еден од поимите за кој често читавмеминатата година се дроновите, односно беспилотните летала. Во САД во декември започна попис на дроновите а за оние кои не ги пријавуваат следуваат големи парични казни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top