Развојот на технологијата во финансиската индустрија и банките може да резултира со голем број на откази во банкарскиот сектор и во следните десет години без работа би можеле да останат околу 50% од вработените во банките ширум светот, а нивните задачи ќе ги заменат апликации и алгоритми. “Тоа ќе биде болно” коментирале на Business Insider во неодамнешната најава на поранешниот извршен директор на Barclays, Antony Jenkins, кој предупреди на големите проблеми кои се закануваат на оваа индустрија, а спрема едно истражување со него се сложуваат повеќе од една четвртина од менаџерите во големите светски банки.
Минатата година се згаснати околу сто илјади работни места во банкарскиот сектор, меѓу нив и во големите светски банки како што се HSBC, Morgan&Stanly, Standard Chartered, Bank of Scotland и Credit Suisse, а за оваа година најавени се намалувања на работни места во Barclays и BNP Paribas – при што треба да се напомене дека во 2015 година технологијата не беше клучен фактор на тие намалувања, но во иднина голем број на откази би требало да бидат поврзани токму со развојот, односно користењето на напредната технологија.
Jenkins верува дека во иднина дејствијата околу вложување на пари, кредити и финансиски советувања наместо луѓе, на попаметен, поевтин и побрз начин ќе го одработуваат апликации. Стартап компаниите кои го развиваат софтверот наменет за банките ќе го сменат финансискиот сервис на сличен начин кој го направи Uber во такси индустријата, рекол во својот неодамнешен говор Jenkins.
Коментирајќи ги овие најави, аналитичарот John Peace рекол дека во иднина банките ќе затворат многу филијали и ќе отпуштаат луѓе, додека тие пари ќе ги насочуваат во развој на нови технологии и онлајн сервиси.
Технологијата во последните години на големо го смени начинот на кој ги користиме финансиските и банкарските услуги па така сметките ги плаќаме преку компјутерот онлајн или само ги фотографираме со мобилните телефони и користејќи ги банкарските апликации ги плаќаме со еден допир на екранот од телефонот, а во иднина технологијата се очекува дотолку да се развие што ќе ја смени целата банкарска индустрија – веројатно единствен контакт со банката ќе биде по пат на компјутерот или смартфонот, додека одењето на шалтер ќе замине во историјата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град