Технологија која предупредува за замор кај возачите

Предупредува возачот да се концентрира на возењето или да го запре автомобилот

 |  инфодеск  | 

Еден од проблемите со кои се  борат голем број на возачи се заморот и поспаноста, а некои истражувања покажале дека бројот на сообраќајни несреќи е често зголемен по менувањето на времето на часовникот кога луѓето спијат еден час помалку и треба малку време за навикнување. Иако нема прецизни податоци за сообраќајни несреќи кои настанале поради замор, сигурно е дека заморот делува негативно на возачите и влијае на намалување на концентрацијата и ги успорува реакциите.

Како решение за намалување на сообраќајни несреќи кога се работи за замор кај возачите, неколку стартап компании развиле технологија за препознавање и следење на движењето на лицето која може да препознае дали возачот е заморен. Камерата во автомобилот ги следи движењата на лицето и ги споредува со постоечка датотека на изразот на лицето и на тој начин заклучува дали возачот е поспан, вознемирен или е преокупиран со други работи, а не со возењето па затоа го предупредува возачот да се концентрира на возењето или да го запре автомобилот.

Една од стартап компаниите (Affectiva) развила технологија за рано препознавање на емоциите која може дури да препознае или предвиди кога кај луѓето започнува заморот и да ги предупреди на време. Како можни предупредувања во Affectiva ги наведуваат промена на температурата или музиката во автомобилот, односно компјутерот да го предупреди возачот да застане и да испие кафе или малку да одмори па да го продолжи патувањето.

Компанијата Eyeris, исто така, ги проучува изразот на лицето и индикаторите како што се отвореноста на очите и положбата на главата па врз основа на тие податоци може да заклучи дали возачот е заморен и треба да го предупреди.

Комерцијалната употреба на овие технологии во автомобилите би можела да се применува во следните неколку години и благодарение на тоа веројатно би се намалил бројот на сообраќајни несреќи, додека во подалечната иднина нема да има потреба за ова бидејќи возилата најверојатно ќе ги управуваат компјутери, а луѓето за време на патувањето ќе можат слободно да спијат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top