Технички детал кој ќе ги заштити цивилните авиони

Сите цивилни авиони емитираат сигнал дека се цивилни

 |  инфодеск  | 

Малезискиот лет веројатно е срушен со далекуметна ракета земја-воздух. Се поставува прашање зошто тоа е модерно, кога оружјето наведувано софтеврски е способно да нападне цивилен авион. Имено, сите цивилни авиони емитираат сигнал кој ги идентификува како цивилни. Во повеќето случаеви се спроведува протокол кој се вика Мод С кој не го користат воените авиони.

Модерните, радарски наведувани ракети, како таа со која е срушен малезискиот авион, не обрнуваат внимание во кој мод е транспондерот на целта. Кога стрелецот ќе ја избере метата тие истата ја бараат. Сега кога постојат софистицирани софтвери и чипови, нема причина противавионските ракети да не бидат програмирани на начин да не се обидуваат да погодат цел која емитира цивилен код.

Со меѓународна спогодба тоа би можело да се побара од сите земји.

На пример, светските воени сили се мошне успешни во избегнување на гаѓање на возила и бродови со ознаките на Црвениот крст. Ретки се случаите кога тоа се злоупотребува и би било невозможно да се избегне и во овој случај, а би било невозможно да се гарантира дека војските или квази војските не би се обиделе да емитуваат кодови на цивилни авиони, но тоа би се случило само еднаш.

Сепак, денешните противавионски ракети од долг домет не се програмирани да знаат која е целта. Само ја бараат целта која е избрана. И тоа треба да се смени, пишува Reuters.

Еден ден би можело да има прецизно наведувана ракета која ќе одбие да стрела во болници или бегалски кампови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top