Некои од најголемите банки во Британија се нашле на удар од обвинителството дека отвориле повеќе десетици сметки во банки надвор од Британија, но дека вистинскиот сопственик на тие сметки е всушност екс премиерката на Украина Јулија Тимошенко или некој од нејзиното семејство.
Само британските банки за неа отвориле 85 банкарски сметки, а истрагата кој ја води обвинителот Лоренс Грахам покажала дека во 26 земји постојат 276 сметки чии корисници се Јулија Тимошенко и фамилијата.
Оваа истрага започнала во февруари минатата година, а ја наредил украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој на тој начин сакал да докаже дека Тимошенко проневерила многу пари. Спрема извештаите, на сметките има околу 200 милиони долари.
Адвокатите на Тимошенко изјавиле, за британските медиуми, дека таа нема никаков имот во Америка, Швајцарија или Велика Британија, и дека не постојат никакви тајни сметки, објавил Independent, кој ги добил на увид резултатите од истрагата.
Адвокатите на Тимошенко исто така истакнуваат дека истрагата е покрената само поради освета од страна на Јанукович, и истакнуваат дека се пласираат невистини се со цел да се дискредитира Тимошенко.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град