Јакната ја дизајнирал 29-годишниот студент Hiral Sanghavi, а таа во себе содржи сѐ што на било кој патник може да му затреба. Така јакната има петнаесетина функции меѓу кои се и вградено перниче за спиење, маска за очи и специјален џеб со полнач за мобилни телефони.
Sanghavi изјавил дека неговата првична цел била по пат на кампања на Kickstarter да собере 20.000 долари, но на крајот собрал неверојатни 9,19 милиони долари и со тоа ја довел својата јакна до статусот на најфансцинантен предмет за облекување.
За CNN изјавил дека идејата за креирање на јакната ја дала неговата сопруга, дизајнерка, која живее на западниот брег на САД. Sanghavi често патувал од Чикаго во посета на сопругата, а тоа го натерало да смисли како сѐ да му биде на дофат на раката.
“Тоа е долг лет, често заборавав перниче за вратот па на аеродромот купував ново”, рекол за CNN.
По успешната кампања на собирање пари за својот проект, студиите ќе мора да причекаат за да успее во развојот на својата компанија и производството. Нарачките пристигнуваат од сите страни, што не е чудно кога ќе се види што сѐ се добива со цената на јакната.
Еве што содржи чудесната јакна за која пристигнале 70.000 нарачки: Перниче за врат, маска за очи, држач за слушалки, џеб за напиток, џеб за телефон, затворен џеб со пенкало, ткаенина од микрофибер, џеб за пасош, џеб за очила за сонце, џеб за ќебенце, џеб за iPad, нараквици, џебови за греење на рацете и џеб со полнач а мобилен телефон.
Цената на “најдобрата патничка јакна на сите времиња”, како што почнале да ја нарекуваат, ќе изнесува помеѓу 90 и 120 долари, зависно за кој модел ќе се одлучи купувачот. Испораките би требало да започнат во ноември.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град