Зошто светските милионери се поливаат со ледена вода?

Mark Zuckerberg го стартуваше овој тренд во технолошкоит свет

 |  инфодеск  | 

Mark Zuckerberg го стартуваше овој тренд во технолошкиот свет каде го следат сите големи ривали од светот на технологијата за да застанат на иста страна и да помогнат во собирање на пари за заболени од болеста Lou Gehrig.

Станува збор за “леден предизвик” во организација на ALS, во кој славните излеваат канта ладна вода на себе, а потоа донираат пари и повикуваат следни три лица да го направат тоа во рок од 24 часа.

Како што трганало, наскоро стеблото на предизвик не ќе може да се следи, но својот предизвик веќе го направи технолошката тројка.

Творецот на Facebook Mark Zuckerberg го предизвика основачот на Microsoft, Bill Gates, а пак овој му прати предизвик на Elon Musk, основачот на компанијата SpaceX и TeslaMotors, кој сам и со помош на своите синови, ја изврши должноста. На Твитер напишал “Децата излеаа пет канти со ледена вода на мојата глава за ALS и јас ги предизвикувам Notch (творецот на играта Minecraft), Johnny Deep и Tony Hooks.

Се чини дека овој предизвик полека се шири и вон границите на IT светот, па така се придружиле и Oprah Winfrey и Justin Bieber, кој пак го предизвика претседателот на САД, Obama, да го направи истото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top