Светски милијардер крадел струја

Долг од 40.000 евра за струја

 |  инфодеск  | 

“Dan” пишува дека инспекција открила неовластено крадење на струја на место каде се градат луксузни палати и вили. Се работи за екс воената база на р’тот Платамуна во Црна Гора и во близина на плажата Плоче која е во сопственост на милијардерот Олег Дерипаска.

Затоа е исклучен од мрежата и му пресметале долг од 40000 евра. Спрема незванични извори, струјата на Дерипаска ќе му биде вклучена кога ќе го плати долгот.

Дерипаска пред девет години на тендер ја купил воената база на р’тот Платамуна за 627 илјади евра. Изградбата на две големи палати и десетина помали вили почнала пред три години и истите се при крај со изградбата.

Луксузниот комплекс е обвиен со петметерски ѕид од камен, а приодот е строго забранет. Се наоѓа недалеку од плажата Плоче и се простира на 25 илјади метри квадратни.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top