Светот на работ на изумирање

Научниците тврдат дека тоа не зависи од нас

 |  инфодеск  | 

“На работ сме на ново изумирање. Колку и да се трудиме тоа да го избегнеме, тоа не зависи од нас”, тврдат научниците.

Денес растителниот и животинскиот свет изумира илјада пати повеќе отколку пред настанокот на луѓето. Од илјада видови годишно исчезнуваат сто.

Во студијата која ја направиле биолозите од универзитетот Duke анализирани се стапките на изумирање во минатото и сегашноста, а воочено е дека во историјата биле многу пониски отколку што се мислело. Видовите на Земјата денес исчезнуваат 10 пати побрзо отколку што верувале научниците, рекол биологот Stuart Pimm, а пренесува Huffington Post.

Некогаш стапката на смртност меѓу растителниот и животинскиот свет изнесувала 0,1 а денес 100. Значи, од 1000 видови годишно од Земјата исчезнуваат 100.

Многу фактори влијаат на брзото изумирање, но главната причина е дека растенијата и животните го губат местото на живеење, со оглед на ширењето на човечкиот вид. Тука се и климатските промени кои исто така го загрозуваат растителниот и животинскиот свет.

Досега пет пати животот на Земјата бил блиску до комплетно изумирање, што се поврзувало со удари на метеори. Пред 66 милиони години така исчезнале диносаурусите и три од четири видови на Земјата, а пред 252 милиони години исчезнале околу 90% од сите живи суштества.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top