Во светот постојат 500 видови на виски, но овој е најскап

Името на британската компанија која го произведува овој виски е Luxury Beverage Company

 |  инфодеск  | 

Вискито отсекогаш бил пијалок во кој уживаат тие што навистина знаат да го уживаат. Во светот денес има повеќе од 500 видови, од најевтините па до најскапите за кои треба добро да се плати. Но, вистински рекордер е Isabella’s Islay, виски чие шише чини импресивни 5,6 милиони евра.

Luxury Beverage Company е името на британската компанија која го произведува ова виски од 2011 година. Шишето е обвиено со дури 8.500 дијаманти, 300 драгоцености и бело злато, а устието е од најфин англиски кристал. Постои е евтина варијанта на ова шише виски со помалку дијаманти и кристали за кое треба да се плати “само” 654 илјади евра.

Isabella’s Islay е виски во кое може да уживаат само оние кои навистина имаат вишок на пари, бидејќи за едно шише од овој пијалок може да се купат неколку автомобили, куќа и слично. Но, за некого како Лео Меси или принцот од Брунеи тоа не претставува проблем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top