Светот на нозе поради пресуда во Русија во “Сталинистички стил”

Осуден е познат режисер иако главниот сведок признал дека сведочењето е изнудено со сила

 |  инфодеск  | 

Познатите режисери Ken Loach, Mike Leigh и Wim Wenders потпишале отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое бараат ослободување на Олег Сенцов и истрага за наводите дека бил мачен. И руските филмаџии се придружија на нивниот апел, пишува Guardian.

Воениот суд во Русија (Ростов) го осуди украинскиот режисер Олег Сенцов на 20 години затвор по судењето кое Amnesty International го нарече “судење во Сталинистички стил”.

Сенцов (39) и неговиот соработник Александар Колченко, кој е осуден на десетгодишна казна, се обвинети за планирање на терористички напад на Крим откако е припоен кон Русија.

За време на судењето, Сенцов рекол дека бил измачуван додека истражителите модриците на неговото тело ги припишале како “склоност на мазохизам во сексот”.

Главниот сведок на обвинението изјавил во судницата дека неговото сведочење против Сенцов е исто така изнудено под присила. Тој рекол дека терористички чин немало, освен еден подметнат пожар во кој режисерот не учествувал. И покрај тоа тој е осуден на 20 години затвор, а кога судиите го прашале дали ја разбира пресудата, Сенцов се насмеал и заедно со Колченко ја пеел украинската химна.

Адвокатите на Сенцов и Колченко очекувале пресуда бидејќи во Русија не постоjат ослободителни пресуди и сега им преостанува да се надеваат дека можеби ќе бидат разменети за заробени руски војници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top