Шведска тестира шестчасовно работно време

Кои се причините за ваков потег?

 |  инфодеск  | 

Вториот најголем град во Шведска, Гетеборг, одлучил од 1 јули да тестира шестчасовно работно време за службениците, очекувајќи дека ќе докажат дека пократко работно време ќе донесе поголема продуктивност, пишуваат водечки американски медиуми.

Доколку очекувањата се потврдат, тоа би можело да се прошири на комплетното шведско општество, но веќе сега некои среќни жители на тој град ќе го живеат сонот од 1332 работни часови годишно, пишува Washington Post.

Целта на гетерборшкиот проект е да се утврди дали еден од најголемите аргументи е во прилог на пократкото работно време. Доколку се потврди дека пократкото работно време резултира со подобро ментално и физичко здравје на вработените, тогаш шестчасовното работно време ќе се прошири и на другите сегменти на јавната управа.

Весникот наведува дека досегашните истражувања сугерираат дека подолго работно време резултира со пониска продуктивност во најбогатите земји. Од друга страна пак, се наведува случајот на шведскиот град Кируна кој го напуштил шестчасовното работно време во 2005 година кога е утврдено дека поинтензивна работа не е и подобра варијанта и дека имало последици по здравјето.

Американскиот портал Huffington Post пишува дека Германците иако работат 394 часа пократко од Американците, сепак се четврта земја по продуктивност во светот. Порталот исто така пишува дека проектот на шведската влада ќе трае една година и ќе ги следи продуктивноста на шестчасовното и осумчасовното работење паралелно и ќе се утврди како тоа делува на менталното и физичкото телесно здравје на вработените.

Гетеборшкиот пратеник Mats Pilhelm вели дека со подолго работно време одат и подолги паузи и дека тоа влијае на продуктивноста. “Секој пат кога ќе ја прекинете работата, ви требаат 10-15 минути да се вратите назад, бидејќи морате да видите каде сте застанале со работата”, вели тој и додава дека фабриката на Тојота во Гетеборг има ветувачки резултати откако преминала на шестчасовно работно време.

CBS News наведува дека платата на сите вработени за време на овој тест ќе останат непроменети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top