Швајцарците не сакаат 2.200 евра месечно без работа

Идејата за пари без работа спрема Швајцарците не е праведна

 |  инфодеск  | 

Со иницијативата која се гласаше на референдум вчера, Швајцарија предлагаше воведување на минимален месечен личен доход од 2.500 швајцарски франци по лице, без разлика дали лицето работи или не, односно 625 франци по дете помладо од 18 години.

Конечните резултати од референдумот покажаа дека предлогот е отфрлен и 76,9% од бирачите рекле НЕ за овој контроверзен план, а излезноста била 46%.

Меѓутоа, идејата за пари без работа спрема Швајцарците не е праведна.

“Швајцарците во неделата беа реалисти”, рекол политикологот Андреас Ладнер за мрежата RTS од универзитетот во Лозана. “Да бидеш платен без работа би бил голем чекор. Иницијативата не беше јасна, беше воглавно усмерена за покренување на расправа”, изјавил тој.

Швајцарија е прва земја која одржа референдум за воведување безусловен минимален доход, но за тоа размислуваат и други држави како што е Финска. Планот требаше во потполност или барем во добар дел да ја замени социјалната помош.

Владата проценила дека тоа би ја чинело државата околу 208 милијарди франци годишно, дека би го ослабило стопанството и луѓето би ја изгубиле мотивацијата за работа, посебно оние со пониски примања.

Зголемувањето на трошоците би можеле да ги покријат социјалните потреби, но недостатокот од 25 милијарди би морал да се надомести со големи кратења на потрошувачката или со зголемување на даноците.

Швајцарија веќе има добар развиен систем на социјална помош за оние кои не можат да се издржуваат, истакнуваат од швајцарската влада.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top