Млади, згодни и модно информирани девојки, овие денови имаат прилика, во Италија, да се пријават, по мислење на многумина , за работа од соништата.
1 април низ Венеција почнала да кружи приказна како некој супербогат шеик вработува 60 млади и атрактивни жени, кои имаат завидни “шопинг” способности. Иако се чинело дека се работи за првоаприлска шега, сепак веста била вистинита.
Имено, тој супербогат шеик бил Rashid bin Saeed Al Maktoum, владетелот на Дубаи и барал асистентки за купување за своите бројни сопругии деца. Барал Италијанки поради нивниот смисол за мода, а освен тоа, потенцијалните кандидатки морале да бидат згодни, стари помеѓу 18 и 28 години и да знаат англиски јазик, а предност би имале тие кои познаваат француски или арапски, пишува Guardian.
Тие што ќе ги задоволат критериумите и успешно го поминат тестот, пред жири кое е составено од стилист и адвокат (како би било се по законот), ќе бидат платени по 100 евра дневно за турнејата по Европа на шеикот и неговата фамилија. Нивната задача ќе биде да се грижат за изгледот на шеикот, неговите жени и деца.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град