Пилотите на француската авио-компанија Air France започнаа вчера четиридневен штрајк кој би можел да ги поремети илјадниците планови на фудбалските навивачи кои сакаат да стигнат на своите одредишта за да ги гледаат натпреварите на Европското првенство, јавува BBC.
Околу 20.000 патници се блокирани вчера од вториот ден на штрајк на шведските пилоти на скандинавската компанија SAS поради кој се откажани 159 летови, објави компанијата.
“Направивме сѐ што беше во наша моќ да го спречиме штрајкот, но за жал не бевме во можност да постигнеме договор”, изјавила портпаролката на SAS, Karin Nyman. “Летовите на данските и норвешките пилоти во компанијата се одвиваат нормално”, истакнала портпаролката.
По неколку месечни преговори, синдикатот на шведските пилоти го отфрли предлогот за зголемување на платите од 2,2%, а и понатаму бараат зголемување од 3,5%. До штрајкот доаѓа во екот на туристичката сезона за SAS, а посебно се погодени чартер летовите.
Air France откажа околу 30% од летовите вчера, меѓутоа се нагласува дека приоритет на штрајкот ќе бидат градовите каде се одржуваат натпреварите од Европското првенство. Синдикатот на пилотите изјави дека штрајкот ќе трае до вторник, а извршниот директор на Air France ветил дека ќе се обиде да ги минимизира ефектите од штрајкот. Тој додал и дека прекинот на работата ќе ја чини компанијата околу 5 милијарди евра дневно.
Истовремено се очекува дека 7 милиони лица ќе посетат десет француски градови во кои се одржуваат натпреварите од Еуро2016.
Ова е само една во низата акции на синдикатите овие денови во Франција. Ѓубрето нема да се собира до среда во Париз, возовите колку толку се нормализирале по деветдневниот штрајк, а кон крајот на мај имаше ситуација кога пресушија бензиските станици кога протестантите ги блокираа рафинериите за нафта.
Претседателот Франсоа Олан ги предупреди синдикатите дека го нарушуваат нормалното одвивање на фудбалското првенство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град