Што значи грчкото “не” на референдумот

Напуштањето на еврозоната ќе биде болно за Грција

 |  инфодеск  | 

Резултатите од вчерашниот референдум на кој грчките избирачи ги отфрлија барањата на меѓународните кредитори ја доведе Грција на работ од напуштање на еврозоната, што е случка која сеуште не е забележана во релативно кратката историја на европската монетарна унија.
Грчкиот банкарски систем кој е практично веќе во колапс, по овој резултат би можел да остане без интервентната помош на Европската централна банка со која се одржува ликвидноста, а тоа воедно би значело излегување од еврозоната.
Владата во Грција прво би требала да воведе паралелна валута, но ако во краток рок не прими никаква финансиска помош, би морала да го напушти еврото, и да воведе вистинска валута со седиште во централната банка на Грција.
Новата валута со сигурност ќе мора да девалвира за 50 до 70%, а спрема искуствата од минатото би следела силна рецесија, како што беше во случајот со Аргентина пред 15 години.
Мислењата на економистите се поделени. Позитивно сценарио би можело да биде дека послабата драхма ќе го зајакне туризмот и извозот, односно ќе ги направи поконкурентни. Грција би имала прилика да обнови некои индустрии кои пропаднале, но сето тоа не значи подобрување на стандардот на граѓаните, а прашање е дали Грците се свесни за тоа.
Постојат и мислења дека воведувањето на драхмата не може да ја подобри конкурентноста на грчкото стопанство бидејќи увозот е три пати поголем од извозот, и со послаба валута увозните производи стануваат поскапи, што би можело да предизвика хуманитарна криза која во Европа не е видена уште од Втората светска војна. Друг проблем е тоа што Грците го сакаат еврото, така што и понатаму ќе штедат во евра, додека повеќето приходи ќе им се во домашна валута, а тоа ќе им го отежни или оневозможи плаќањето на кредити (слично како случајот со должниците во швајцарски франци).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top