Во моментите на критични последици од климатските промени, еден од најпопуларните истражувачки проекти е проектот HAARP (High Frequency Active Auroral Research Program). Тоа е здружен проект на различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана, и бројни универзитети во САД (Калифорнискиот универзитет, Универзитетот во Аљаска, Тенолошкиот институт во Масачусетс, Стенфорд, Дартмоут, Тулса, Клемсон, Пен Стејт, Мериленд и Корнел универзитетот).
Од 1990 па се до 2007 година, студентите и експертите по физика се обидуваа да разберат и да го истражат сложениот дел од амосферата, која се нарекува јоносфера и која се наоѓа на отприлика 80 километри од земјината површина. Ова го работеле пред се да разберат што се случува во јоносферата кога постои некое силно случување на сонцето, во смисол на соларен блесок или геомагнетна бура, за кои се мислеше дека предизвикуваат пореметувања во работа на сателитите и другите комуникациски средства.
Научниците посебно биле заинтересирани за областа на јоносферата и нејзината способност да влијае на радио сигналите, но и за Ван Аленовиот појас кој се наоѓа над јоносферата и е дел од магнетосферата, бидејќи радијацијата во тој појас може да ја загрози работата на сателитите, објаснил Денис Пападопулос, професор по физика на Универзитетот во Мериленд.
За да успеат сето тоа да го следат, научниците направиле лабораторија во Гакона, на Аљаска, и покрај куќи со разни дијагностички инструменти,инсталирале ред од 180 високофреквентни антени кои заедно можат да емитуваат 3600 киловати радио бранови на фреквенција од 2,8 до 10 MHz што овозможува инструментите да измерат физички процеси кои се случуваат во тој појас. Овој истражувачки камп на Аљаска, додека беше активен, беше отворен за љубителите на науката и им овозможуваше на љубопитните посетители да фотографираат и да се интересираат како да направат таква антена кога би сакале.
HAARP емитува многу ниска фреквенција на радијација и не може да влијае на менталното и психичкото здравје на луѓето. Испитувањата покажале дека јоносферските бури предизвикани од Сонцето не се доволно силни да влијаат на климата, а со тоа не постојат ни теоретски шанси HAARP конструкцијата, што е далеку послаба, да влијае на променте на климатскиот појас на некој поголем регион.
Студентите и истражувачите, но и припадниците на воената индустрија, сеуште немаат такви супермоќи да усмерат радио бранови на делови од атмосферата за да креираат штит од непријателски сателит или да предизвикаат катастрофални земјотреси или поплави а секако не со помош на HAARP технологијата да управуваат со умот на милиони луѓе.
Климатскиот систем на планетата е многу посложен од она што луѓето обично го мислат, а научниците продолжуваат со истражување на начинот на функционирање, за да можат да помогнат на креаторите на политиките и на пошироката јавност за важноста на овој феномен за сите луѓе и целокупниот жив свет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град