Статуси и мислења кои Фејсбук веднаш ги брише

Фејсбук воведе ограничувања

 |  инфодеск  | 

Социјалната мрежа Фејсбук е место каде им се овозможува на корисниците да разговараат за што сакаат, но се покажало дека луѓето многу пишуваат за оружје, па Фејсбук одлучил да се воведат некои ограничувања.

Социјалната мрежа е еден од најголемите пазари за оружје. „Имаме повеќе од 550 парчиња оружје и ни треба купувач“, е еден од огласите.

Под притисок на законот, фејсбук превземал одредени чекори за да се регулира продажбата на оружје на своите страници, како и на Инстаграм. Страниците кои огласуваат продажба на оружје ќе мора да воведат ограничување за малолетници.

„Наша цел е да се урамнотежат интересите на луѓето во споделувањето на работите за кои имаат потреба, а притоа да се внимава дека заедницата е сигурна и одговорна“, рекол Мет Стеинфилд, потпаролот на Фејсбук.

Меѓу специфичните промени кои ги воведува Фејсбук е одбирањето и бришење на постови кои го избегнуваат законот за оружје. Тоа ќе ги ограничи малолетниците во гледање на страниците кои продаваат оружје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top