Стадионот во Сао Паоло блокиран

На почетокот на СП, најава за штрајкови

 |  инфодеск  | 

Илјадници бездомници ја блокирале Коринтианс арената во Сао Паоло на која идната недела треба да се отвори Светското првенство во фудбал. Протестантите се неадоволни од високите трошоци за организација на Светското првенство и бараат владата наместо во стадиони да вложува во здравството, образованието и транспортот.

Околу 10.000 лица од стадионот се упатиле кон улиците на Сао Паоло и ја блокирале една од главните улици од градот, а им се придружиле околу 500 пензионирани полицајци кои бараат поголеми пензии.

Овој протест се случил, откако претседателката на Бразил Dilma Rousseff порачала дека нема да толерира насилни протести и дека владата гарантира потполна сигурност на граѓаните.

Сао Паоло ќе мора да се соочи со уште едно изразување на незадоволство, бидејќи работниците во подземната железница за петок имаат најавено штрајк. Тие бараат поголеми плати, а штрајкот би можел да предизвика хаос во градскиот превоз.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top