Се сруши револуционерниот летечки автомобил

За време на пробниот лет падна летечкиот автомобил

 |  инфодеск  | 

AeroMobil веќе со години работи на развој на летечки автомобили кои во потполност би можеле да го променат начинот на кој патуваме и од оваа компанија неодамна најавија дека наскоро можеме да очекуваме дека вакви автомобили ќе станат реалност, а еден од тие револуционерни автомобили треба да биде моделот AeroMobil 3.0 кој во продажба треба да се појави за две години.

Сепак, се чини дека ова ќе мора малку да се одложи бидејќи тест моделот со кој управувал Stefan Klein за време на минатонеделниот лет, се сруши. За среќа, тој не се здобил со потешки повреди бидејќи на време се катапултирал од возилото, а интересно е тоа што во компанијата воопшто не спомнуваат како дошло до падот, туку во официјално соопштение наведуваат дека дошло до “неочекувана ситуација” и на висина од 300 метри се активирал падобранот, со напомена дека системот се покажал како функционален и овозможил пилотот да помине без повреди.Но, на фотографијата од местото на настанот покажува дека AeroMobil 3.0 е поприлично оштетен.

Оваа несреќа нема да го обесхрабри Klein и екипата од неговата компанија и тие најавија продолжување со нови тест летови, а податоците од оваа несреќа ќе се анализираат и ќе се искористат во понатамошното подобрување на прототипот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top