Airbus A320 со 142 патници и шест членови на екипажот се сруши во регионот Digne на југот од Франција, во алпското подрачје. Авионот е во сопственост на компанијата Germanwings, фирма сестра на Lufthansa, а летал на релација Barcelona – Dusseldorf и полетал во 9.55 часот.
Компанијата Germanwings досега немала пријавени несреќи, а просечната старост на нивните авиони е околу девет години, иако авионот на летот 4U9525 бил стар 24 години.
Кон местото на несреќата се упатија и германски експерти за воздухопловна безбедност.
Локални извори од француската полиција тврдат дека остатоците од авионот се забележани на 2.000 метри надморска височина.
“Не знаеме што се случило со летот 4U9525. Изразувам најдлабоко сочуство на фамилиите и пријателите на нашите патници и екипажот. Ако нашите стравувања се потврдат ова ќе биде црн ден за Lufthansa. Се надеваме дека ќе најдеме преживеани”, напишал на Twitter претседателот на управниот одбор на Lufthansa Carsten Spohr.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град