Спречен нов терористички напад во Франција

„Франција никогаш досега не се соочувала со ваква терористичка закана“

 |  инфодеск  | 

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев денеска соопшти дека француската полиција спречила планиран терористички напад во Стразбур. Уапсени се седум лица во Стразбур и Марсеј, по потекло од Франција, Мароко и Авганистан, на возраст меѓу 29 и 37 години. Апсењата се извршени во текот на изминатата ноќ.

Според министерот за внатрешни работи, терористичката акција била „планирана подолго време на наша територија“. „Франција никогаш досега не се соочувала со ваква терористичка закана“, изјави Казнев. „Спречивме нов терористички напад“.

Нема информации која била конкретната цел на планираниот напад. Во Стразбур на крајот од неделава почнува познатиот Божиќен панаѓур, кој годишно привлекува по околу два милиона посетители. Во декември 2000 година една алжирска група планираше напад брз Божиќниот панаѓур, но беше разоткриена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top