Шпанија: Илјадници луѓе заразени од фекалии пронајдени во флаширана вода

Заводот за јавно здравство во Каталонија објави дека досега се третитани 4.146 лица

 |  инфодеск  | 

Повеќе од 4.000 лица на североистокот од Шпанија се заразиле со норовирус откако испиле флаширана вода заразена со фекалии.

Заводот за јавно здравство во Каталонија објави дека 4.146 лица се третирани поради мачнини, повраќања и треска во Барселона и Тарагона откако пиеле контаминирана вода од апарати за ладење на водата. Шест лица биле задржани во болница, јавуваат шпанските медиуми.

“Ова е прв пат норовирусот да е пронајден во флаширана вода”, рекол Albert Bosch, професор по микробиологија на Универзитетот во Барселона кој бил задолжен за анализа на контаминираната вода. “Тоа обично се случува со водата од чешма која понекогаш знае да се помеша со фекалии. Но, во овој случај се работи за флаширана вода. Прашање е како и во кој момент при процесот на полнење ова се случило”.

Поради претпазливост компанијата која ја произвела спорната вода повлекла од пазарот повеќе од 6.150 балони со вода кои биле доставени во дури 925 компании. Контаминираната вода наводно била флаширана во Андора.

Норовирусните инфекции можат да предизвикаат напади со тешко повраќање и пролив. Вирусот е многу заразен, а најчесто се шири по пат на храна или вода која е загадена со фекалии за време на припремата. Заразата се шири и со блиски контакти со заразено лице.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top