Еден поранешен вработен на пабот House of wolf во Лондон, одлучил да се пресмета со сопствениците на пабот кои не му ги исплатиле платите и тоа на оригинален начин – им ги превземал профилите на Facebook и на Twitter и на нив објавувал нелагодни и провокативни пораки. Исто така, на гостите кои овој паб го следат на социјалните мрежи ( имаат повеќе од три илјади пријатели), по пат на Twitter им порачал да не ги посетуваат повеќе – “не доаѓајте повеќе во нашиот по***н бар”.
Една од пораките која ја напишал е: “Во пивото ставаме вода и ви наплатуваме прескапи коктели и потоа ви се смееме”, и со тоа ги шокирал пријателите и гостите на пабот, а на сопствениците им порачал да се држат до договорот и да му ги исплатат парите што му ги должат.
Исто така напишал и дека ќе ги контролира профилите сѐ додека не му ги исплатат парите кои му ги должат. Но, овој паб неодамна го променил сопственикот така што со оваа совршена освета го посрамотил новиот сопственик, а не оние кои му ги должат парите. Сепак, само еден ден по овие објави, сите пораки ги избришал незадоволниот вработен.
“Веројатно е пронајдено некое решение за овој проблем”, ja коментирале на TheTelegraph оваа ситуација. Новиот сопственик на пабот, Greg Barry, рекол дека пабот го купил минатиот понеделник и дека хакирањето не е поврзано со него туку со екс соптвениците кои оставиле долгови – “Да не сум сопственик на овој паб, и јас би се смеел на ова”, изјавил тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град