Сопственикот на Zara, Amancio Ortega од пред неколку дена и официјално е најбогатиот Европјанец и втор најбогат човек на светот.
Неговиот имот во последната година, и покрај кризата, се зголемил за импресивни 10,4 милијарди долари. Сопственикот на најголемиот синџир на продавници за облека го смени Warren Buffet на местото втор најбогат човек на светот спрема листата на Bloomberg.
Имотот на Ortega се проценува на 71,5 милијарди долари, а американскиот инвеститор е тежок 70,2 милијарди, додека на чело сеуште се наоѓа сопственикот на Microsoft, Bill Gates со рекордни 85,5 милијарди долари.
Но, Bussines Insider открива дека Ortega и покрај богатството кој го изградил со модата, тој воопшто не ја сака модата. Наводно секој ден носи иста облека на работа и тоа бела кошула, сино сако и сиви пантолони, но не од Zara.
Исто така секој ден одел во исто кафуле, а слободното време го користи за јавање во коњичкиот центар во Галиција, кој се подразбира дека е во негова сопственост.
Иако е планетарно богат, Ortega не пати од статусни симболи. Во својата гаража има само еден автомобил – Audi A8 sedan, кој е познат по удобноста но не и по луксузот. Освен тоа, тој поседува The Global Express BD-700, приватен авион кој го произведува Bombardier.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град