Сообраќаен колапс во Франција и Велика Британија

Ниски температури и обилни врнежи од снег

 |  инфодеск  | 

Ниски температури и обилни снежни врнежи предизвикуваат бројни проблеми во сообраќајот во големи делови на Велика Британија и Франција, известуваат медиумите.

BBC го пренесува предупредувањето на метеоролошката служба за голомразица, имајќи во предвид дека ширум Британија температурата е под нулата. Мразот зафатил големи делови од таа земја, а поради обилните врнежи од снег и меќава за сообраќај се затворени бројни патишта и некои аеродроми, а илјадници луѓе морале да го прекинат патувањето, наведува британски Telegraph. Снегот и мразот ја погодија северот и централна Англија, како и Шкотска. Затворени се аеродромите John Lennon во Ливерпул и Lids Bredford во Јоркшир, наведува Telegraph, додека AFP пренесува дека летовите кон европските дестинации доцнеле од аеродромот во Манчестер, трет по големина во Британија.

Истовремено, агенциите јавуваат дека во текот на минатата ноќ повеќе од 15.000 возила се блокирани на патиштата на југоистокот на Франција во туристичкиот регион Savoir и дека во 12 градови се формирани прифатни центри за оние кои се нашле во невоља. Километарски колони се формирани на целиот исток од Франција на автопатиштата кои водат кон Женева и појужно од Гренобл. На некои делници движењето не преоѓа 10 км на час. Министерот за внатрешни работи Bernard Kaznev упатил апел до возачите да бидат крајно претпазливи и да го одложат патувањето доколку тоа е можно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top