Сомнителна истрагата за исчезнувањето на MH370

“Откријте што бил мистериозниот багаж”

 |  инфодеск  | 

Шефот на моќната авиокомпанија Emirates Airlines, Tim Clark, смета дека многу работи во истрагата не се на место околу исчезнувањето на авионот на Malaysia Airlines MH370 и дека е нужно да се пронајде решение за тоа мистериозно исчезнување кое однесе 239 животи.

Tim Clark во интервјуто за германскиот Der Spigel ја довел во прашање австралиската истрага, во која заклучокот е дека MH370 се срушил во Индискиот океан западно од брегот на Австралија, по пет часа летање и нeдостаток на гориво.

Наместо тоа Clark верува дека Боингот 777 бил под контрола сѐ до самиот крај, со што ја доведува вистинитоста на таканареченото “електронско сателитско ракување”, кое го користат аналитичарите како би дошле до местото на паѓањето. Тој исто така инсистира да се открие мистериозниот багаж на тој авион, кој малезиските власти го тргнале од манифестот, пренесува news.com.au.

“Авион со таа големина едноставно не исчезнува без никаква трага, дури не е пронајдено ниту едно перниче од седиштата, што во најмала рака е сомнително”, смета Clark и додава, “сметам дека веројатно е превземена контролата над авионот. Тоа може секој да го направи. Ние треба да знаеме што се наоѓало во просторот за багаж на тој авион. MH370 никогаш не смееше да се дозволи да се доведе во ситуација да не може да се следи”.

Онеспособувањето на системот за следење не е воопшто лесна задача, напоменува Clark и додава дека нивните пилоти не се обучени за тоа. Но, на MH370 тој систем е некако онеспособен, до таа мерка што следењето на авионот е во потполност елиминирано.

“Мојата препорака на производителите е да пронајдат начин како онеспособувањето на ACARS системот да го направат невозможно. И транспондерот исто така”, вели Clark.

Clark не верува во сценарио на пет часа летање над Индискиот океан сѐ до нестанок на горивото и пад во морето потоа, односно зошто пилотите би летале кон никаде полни пет часа.

“Само велам дека сите факти на тој инцидент мораат да се земат предвид во потполност и транспарентно. Секоја секуна на тој лет мора да се проучи сѐ до моментот кога завршил во Индискиот океан – за кој не е пронајдена никаква трага, дури ни перниче од седиштата”, заклучил Clark.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top