Шок за корисниците на Snapchat

Самоуништувачките пораки сепак не се самоуништиле

 |  инфодеск  | 

Еден од најголемите проблеми на милионите корисници на интернет е недостатокот на приватност бидејќи секогаш постои можност некој да дојде до приватните фотографии или документи од корисниците. За недостаток на приватност се виновни и самите корисници кои на Facebook, Twitter, Instagram и други мрежи објавуваат бројни фотографии кои можат сите да ги видат а притоа не обрнуваат многу внимание на лошите лозинки, користење на компјутери од јавни места и слично, а секогаш постои можност приватниот разговор, фотографиите и слично да паднат во криви раце.

Поради ова сѐ поголем број на корисници ја користат “сигурната” апликација Snapchat која овозможува праќање на самоуништувачки пораки. За многумина Snapchat е идеална апликација за праќање на сексуални фотографии кои по праќањето се самоуништуваат по 10-тина секунди. Токму поради тоа што Snapchat често се користи за праќање на такви фотографии, бројни корисници биле шокирани кога дознале дека хакерите украле 200.000 фотографии и видео записи кои се праќани преку оваа мрежа, а кои сега претат со масовно јавно објавување. Со оглед дека околу 50% од корисниците на Snapchat се малолетни, ова претставува голем проблем.

На Business Insider напоменуваат дека во underground chat собите за размена на фотографии веќе со недели се зборува за тоа како се спрема нешто и многу поголемо од она со објавувањето на разголени фотографии од славните личности. Хакерите веќе изработиле и база на податоци во кои ќе можат да се пребаруваат фотографиите спрема корисничкото име на Snapchat.

Ова е уште еден доказ колку корисниците мораат да бидат внимателни при користење на социјалните мрежи и праќање на “чувствителна содржина” и дека приватноста на интернет не постои.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top