Снежната бура се заканува на 85 милиони луѓе во САД

Авио-компаниите откажале повеќе од 7.100 летови

 |  инфодеск  | 

Во снежната бура, која во петокот и сабота го погоди источниот дел на САД и во која може да падне снег од 90 цм, животот го загубија повеќе лица, пренесуваат светските медиуми.

Снежната меќава најтешко го погоди главниот американски град Вашингтон и Балтимор. Шест лица го игубија животот во сообраќајни несреќи кои се последица на снегот кој ги зафати Арканзас, Тенеси и Кентаки, а уште две лица го изгубија животот во Северна Каролина.

Смирување на времето се очекува во сабота попладне а до тогаш, спрема прогнозите, во овие подрачја би можел да падне снег помеѓу 30 и 90 цм.

Спрема американските медиуми повеќе од 85 милиони жители има на патот на снежната бура во 20 сојузни држави.

Авио-компаниите откажале повеќе од 7.100 летови во петок и сабота, а 7.000 други летови доцнеле.

Во деловите каде што минува снежната бура е прогласена вонредна состојба и откажан е целокупниот јавен превоз, вклучувајќи го и главниот град Вашингтон.

Издадени се соопштенија за предупредување од силни ветрови и замрзнување на патиштата.

Жителите на крајбрежните подрачја на Њу Џерси и Њу Јорк се припремале за бран на плима од 2,4 метри и можни поплави, а на некои делови се упатени повици за евакуација.

Полицијата во источниот дел на САД известува за илјадници сообраќајни незгоди и покрај тоа што мнозинството жители ги послушале советите да не излегуваат од домовите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top