Snapchat воведе бесплатни повици

Snapchat во најновиот апдејт доби неколку поприлично интересни опции

 |  инфодеск  | 

Популарната апликација Snapchat во најновиот апдејт доби неколку поприлично интересни опции кој ќе ги воодушеви досегашните, но и ќе привлече нови корисници.

Најновата верзија под името Chat 2.0 на корисниците им понуди можност за бесплатни повици и допишувања по пат на видео пораки.

“На пример, кога вашиот пријател сака да се допишува по пат на видео пораки, на разговорот може да му се придружи и видео запис, но исто така може и да се гледате и со него да комуницирате по пат на текстуални пораки или стикери”, истакнале од Snapchat.

За да се започне аудио или видео повик, доволно е да се кликне на копчето за повик.

“Посебно ни се допаѓа, што благодарение на новиот чет, лесно може да премине на различни начини на комуникација, исто како во реалниот живот”, додале од Snapchat.

Со оглед на тоа дека WhatsApp го користат повеќе од една милијард луѓе, Snapchat со базата на корисници од 100 милиони ќе мора да направи уште многу други работи за да ја достигне својата најголема конкуренција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top