Што се случува со организмот од газиран пијалок

Сочувајте го здравјето

 |  инфодеск  | 

Прехранбената индустрија молчи за главниот  проблем на денешниот нутриционистички свет, а тоа е шеќерот. Еве краток временски опис што му се случува на организмот откако ќе испиете газиран пијалок од 2 dl.

–          Првите 10 мин.

Десет лажички шеќер го погодиле вашиот организам, а тоа е 100% повеќе од препорачаната  дневна потреба. Не повраќате затоа што фосфорната киселина го намалува чувството за вкус.

–          По 20 мин.

Шеќерот во крвта и понатаму расте и предизвикува инсулинска експлозија. Вашиот црн дроб реагира на тоа и пробува шеќерот да го претвори во масти.

–          По 40 мин.

Кофеинската апсорпција е завршена. Зениците се шират, крвниот притисок расте и како резултат на тоа црниот дроб пушта уште повеќе шеќер во крвта. Рецепторите на аденозин во мозокот сега се блокирани и го спречуваат чувството за спиење.

–          По 45 мин.

Телото го зголемува производството на допамин а со тоа ги стимулира центрите за задоволство во мозокот. На ист принцип се создава и зависноста од хероин.

–          Во 60-та мин.

Фосфорната киселина го врзува калциумот, магнезиумот и цинкот во долниот дел од цревата и предизвикува понатамошно стимулирање на метаболизмот.

–          По 60 мин.

Настапува кофеинско диуретичко својство, и во тој момент ги исфрлате од организмот калциумот, магнезиумот и цинкот кои би завршиле во коските. Нивото на шеќерот полека паѓа и станувате нервозни и троми. До сега сте ја исфрлиле цела течност од пијалокот, но пред тоа урината сте ја збогатиле со сите вредни хранливи материи, кои се важни за телото, забите и коските.

Затоа препорачливо е повеќе да се држите за водата, соковите од свежо овошје и чај без шеќер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top