Славниот актер бездомник

“Луѓето само поминуваа покрај мене и ме гледаа посрамотен”

 |  инфодеск  | 

Славниот актер, кој е посакуван од женскиот свет ширум светот, Ричард Гир, направил интересен експеримент.

Имено, Гир, за потребите на филмот “Time Out of Mind” се претворил во бездомник по улиците на Њујорк. Седел на улиците на Менхетн, никој не го познавал, заработил само 1,5 долари, а само една жена му дала малку храна. Впечатоците за ова искуство ги објавил на официјалната Facebook страница –

“Кога во Њујорк се претворив во бездомник, никој не обрнуваше внимание на мене. Навистина се чувствував бездомник. Луѓето само поминуваа покрај мене и ме гледаа посрамотен. Само една жена беше доволно љубезна да ми даде малку храна. Беше тоа искуство кое никогаш нема да го заборавам. Многу пати забораваме колку сме благословени. Тоа не смееме да го земаме здраво за готово и ако можеме да му помогнеме некому во невоља, треба да го направиме тоа. Затоа, откако завршив, шетав по Њујорк и давав храна и по сто долари на секој бездомник кој го видов. Плачеа и беа благодарни. Бидете тие кои ќе прават промени кои сакате да ги видите во светот”, напишал Гир.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top