Skype ја претстави новата верзија за Mac OS X и Windows

Конкуренцијата сѐ пожестока и подобра

 |  инфодеск  | 

Со оглед дека конкуренцијата е сѐ пожестока и подобра, Skype едноставно не смее да си дозволи било какви пропусти и затоа ја претставија подобрената верзија за Mac OS X и Windows.

Единствена разлика е тоа што Skype 7 за Mac е претставен во финална верзија, а кога е во прашање Windows верзијата, тука се работи за Preview, но во суштина нема некоја голема разлика.Она што е најважно, како што се наведува на официјалниот блог на Skype, е подобрена комуникацијата и споделувањето, а десктоп верзијата сега многу потсетува на онаа апликација која се наоѓа на мобилните телефони. Skype во суштина така настојува да ги обедини искуствата на десктоп и на мобилната платформа, како дизајнерски така и функционално.

На блогот објаснуваат дека се свесни дека во денешно време мултитаскингот станува сосем нормална работа, без оглед која апликација и на кој уред се наоѓа, така што токму на тоа поле настојувале да ги направат најголемите подобрувања. Така на пример, во новата верзија, можат да се споделуваат пораките, фотографиите или датотеките без да се прекине видео повикот кој е воспоставен. Тука е и можноста за бесплатни групни видео повици, кои, во Skype тврдат дека работат подобро од секогаш.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top