Премиерката на Шкотска, Никола Стерџон денеска во интервју за BBC, изјави дека шкотскиот парламент би можел да се обиде да стави вето на “Brexit”, односно да го блокира излегувањето на Обединетото кралство од Европската унија.
Стерџон вели дека е уверена дека ќе биде потребна согласноста на официјален Единбург во однос на прашањето за “Brexit”, заради што, како што изјави уште утре ќе побара од Парламентот на Шкотска да не ја даде својата законодавна согласност за излегување на Британија од Унијата.
Поголемиот број од граѓаните на Шкотска гласаа против “Brexit”. Стерџон најави и дека ќе побара распишување на референдум за останување на Шкотска во ЕУ.
Шкотската национална партија на Стерџон нема мнозинство во Парламентот и покрај популарноста.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град