Премиерката на Шкотска, Никола Старџон изјави дека Шкотска наредната недела ќе побара дозвола од британската вада да одржи референдум за независност.
Тој референдум би се одржал кон крајот на 2018 или на почетокот на 2019 година.
“Наредната седмица ќе побарам дозвола шкотскиот парламент да постигне договор со британската влада околу процедурата која ќе овозможи шкотскиот парламент да одржи референдум за независност”, рекла Старџон а пренесува AFP.
Таа навела дека е многу важно Шкотска да превземе активни чекори за да ги заштити своите интереси додека Британија се подготвува за излез од Европската унија.
Шкотските гласачи ја отфрлија опцијата за независност во 2014 година, но Старџон рекла дека одлуката на Британија да излезе од ЕУ донела материјална промена на околностите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град