Скандал кај соседите

Генерален секретар во српската влада сексуално малтретирал службеничка

 |  инфодеск  | 

Секретарката на комисијата за хартии од вредност во српската влада го обвинила генералниот секретар дека сексуално ја вознемирувал и се заканувал.

Службеничката Л.Ј. обвинувањата за малтретирање од страна на Новак Недиќ, ги доставила до претседателот на таа комисија Зоран Ќировиќ и на останатите членови на тоа тело, јавува Блиц.

Таа, непосредно пред седницата на која требало да се разгледува нејзиното разрешување, пратила службен мејл во кој наведува дека од секретарот Недиќ „трпела сериозни облици на мобинг“. Л.Ј. тогаш признала и дека Недиќ „политички лобирал за нејзино именување“.

„Единствена причина за моето разрешување е притисокот од страна на Недиќ. Откако сум поставена на местото на секретар на комисијата, тој сексуално ме вознемирува и ме принудува да стапам во односи со него“, напишала во мејлот и додава дека нејзе и на нејзината фамилија често им се заканувал.

„Не сакав да стапам во никаков однос со него па затоа покрена процедура за моето разрешување“, рекла таа.

Откако го пратила мејлот на колегите, постапката за разрешување била стопирана, а Недиќ сеуште не понесол одговорност. Генералниот секретар тврди дека сето тоа е лага.

„Бог да чува. Тоа е ноторна лага. Некој сака да ми наштети. Повикајте ја, сигурен сум дека таа се ќе демантира. Можеме и да се видиме сите заедно“, рекол Недиќ за новинарите на Блиц.

Претседателот на комисијата Зоран Ќировиќ признал дека со Л.Ј. разговарал за обвиненијата. Вели дека се се завршило на тој разговор и таа не е разрешена од должноста. Исто така признал и дека Недиќ никогаш не е повикан на одговорност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top