Скандал во Германија поради пратка од Кина

Недоразбирање на релација Германија – Кина

 |  инфодеск  | 

Поради недоразбирање на релација Германија – Кина дошло до грешка при нарачка на керамички шољи за кафе. Германците нарачале едно а добиле друго.

Германскиот ланец за продажба на мебел и работи за домаќинство се извинил за продажбата на шољи за кафе на кои се наоѓал ликот на Адолф Хитлер. Наводно дошло до забуна кога се нарачувале мотивите за шољите од кинескиот доставувач.

На спорната ретро керамичка шоља покрај мотивите од цвеќе се наоѓа и црно-бела поштенска марка на која е нацистот Хитлер и забранетиот нацистички симбол.

Пет илјади такви шољи пристигнале минатиот месец од Кина во еден ланец за продажба на мебел.

Еден од сопствениците на компанијата во која пристигнале шољите рекол дека 175 такви шољи се продадени пред да го приметат пропустот.

Го пријавиле самите купувачи. Тој исто така додал дека прават се што е во нивна моќ да се повлечат од продажба тие нацистички шољи.

Како што вели сопственикот, дошло до сериозна грешка и недоразбирање помеѓу нивниот оддел за набавки и кинескиот доставувач, кој поради забуна, на шољите ставил фотографија од нацистичкиот водач, а при превземањето на пратката никој не го воочил спорниот мотив на шољите.

Останатите 4852 шољи се повлечени од продажба и уништени, а сопственикот ги моли купувачите кои веќе ги купиле по цена од 1,99 евра, да ги вратат, а за возврат ќе добијат ваучер во вредност од 20 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top