Крим : Ситуацијата може да експлодира

Вооружени лица ја завзеле регионалната влада

 |  инфодеск  | 

Повикувајќи се на очевидци, агенцијата Interfax јавила дека во зградите на парламентот и владата се наоѓаат околу 60 лица и дека многумина од нив се вооружени.Засега не е јасно кој ги завземал зградите на регионалниот парламент и влада во Симферопол, главниот град на Крим, каде претходниот ден имаше судири помеѓу проруските сепаратисти и следбеници на новите власти на Украина.

Новинарите од местото на случување известуваат дека над двете згради се вее руско знаме, и дека влезните врати се блокирани.

Агенцијата Interfax јавува дека при акцијата на завземање на зградите нема повредени лица.

Медиумите пго цитираат челникот на татарската заедница, Рефет Чубаров кој на Фејсбук напишал: „Кажано ми е дека зградите на парламентот и владата ги завземале некои мажи во униформи без обележја и тие засега не истакнале знамиња“, рекол Чубаров.

Стотина полицајци се наоѓаат пред парламентот во Симферопол. Улиците околу парламентот се воглавно празни, но се чувствува непријатна тензија.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top