Ситуации во кои не треба да се користи кредитна картичка

Последиците по вашите финансии можат да бидат големи

 |  инфодеск  | 

Користењето на кредитни картички на краткорочен план го олеснува купувањето, но ако не внимавате последиците на вашите финансии можат да бидат големи.

Постојат ситуации во кои секако мора да се воздржите од купување со картички а порталот about.com донесува некои од нив:

Ако немате доволно да го покриете потрошеното – Најлоша ситуација за користење на кредитната картичка е кога немате доволно пари да ја покриете. Ова е многу едноставен начин да банкротирате и да се натрупаат додатни долгови од кои тешко ќе се вратите.

Да се чувствувате подобро – Се смета дека купувањето ја победува депресијата, а кога се зборува за купување, секако дека се мисли на употреба на кредитната картичка. Постојат подобри решенија за борба против емоционалните проблеми, а тоа се читање, трчање, уредување на дворот или гледање добар филм.

Ако веќе имате долгови – Многу луѓе влегуваат од еден долг во друг мислејќи дека така ќе го решат проблемот. Попаметно е прво да го расчистите стариот долг за да преминете на друг, а бидејќи користењето на кредитни картички е исто така еден вид на долг, избалансирајте ги своите финансии.

Влијание на алкохол или глад – Со оглед дека понекогаш работите излегуваат од контрола, а вие сте многу гладен или пијан, лесно се случува да посегнете по кредитната картичка. Во тој случај ќе купите или ќе испиете повеќе отколку што треба, но во исто време ќе се зголеми и долгот кон банката.

Лица од недоверба – Свесни сме за многу измами кои се случуваат при онлајн плаќање, затоа внимавајте на кого ја давате својата кредитна картичка. Се случувало келнери во ресторани или работници на бензиски пумпи да ги проследуваат податоците од туѓи картички.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top