Наскоро симнување на тајноста за нападите на 11 септември

Белата куќа би можела да ја тргне ознаката за тајност на документите

 |  инфодеск  | 

Многу прашања се подигнати оваа седмица околу делот на документи од извештајот за Конгресот, кои се протегаат на 28 страници, за сведочењето на Zacarias Moussaoui, екс оперативец на Al Kaida кој се наоѓа во затвор и кој тврди дека големи донатори на терористичките организации во 90-тите на минатиот век биле високо позиционирани функционери на Саудијска Арабија.

Саудиските функционери сите овие обвиненија ги отфрлиле. “САД и Саудијска Арабија одржуваат силни врски во борбата против тероризмот, како клучен елемент на нашето широко и стратешко партнерство”, рекол Josh Earnest, портпарол на Белата куќа, а пренесува Independent.

Moussaoui тврди дека листата на саудиски донатори вклучува “изразито познати” саудиски функционери како што е принцот Truki al-Faisal Al Saud, поранешен шеф на разузнувачките служби.

Американските функционери кои се запознати со овој извештај се поделени околу мислењето дали треба да се декласифицира како таен, додека други мислења се дека повеќето од материјалите потекнуваат од FBI.

“Никој од вмешаните лица не бил испрашан и многу релевантни документи сеуште не се откриени”, смета Phillip Zelkow, поранешен извршен директор на Комисијата 9/11,која тогаш е формирана од американската влада.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top