Северина е една од првите музичари во регионот која ја препознала важноста на промоција по пат на Facebook, па таа и нејзиниот тим страницата ја отворија уште во 2008 година.
Да се приближи на фановите, па и на медиумите желни по актуелни новини и фотографии, било нешто што станало императив. Токму поради овие причини Северина брои преку 800.000 обожаватели на Facebook со што уверливо е број еден во регионот.
Нејзините фанови во последните неколку месеци оставале коментари дека сакаат да ја видат и на Instagram, социјална мрежа која во последно време е сѐ попопуларна и има експанзија по бројот на корисници како во светот така и во регионот. Северина на своите фанови одлучила да им ја исполни желбата, па по повод преоѓањето на бројката од 800.000 Facebook обожаватели, освен што снимила поздравен видео запис, отворила и профил на Instagram преку кој ќе комуницира со својата публика и на таа популарна мрежа.
За само кратко време, Северина собрала преку 5.000 фанови на Instagram.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град