Шест привилегии во кои уживаат само Грците

На невработените 1.200 евра за одмор, за пензионери бонус од 42.000 евра

 |  инфодеск  | 

Германскиот Focus одвои шест грчки привилегии за кои другите Европјани можат само да сонуваат.
Државата го финансира годишниот одмор – Со досегашните реформи околу 2,6 милиони грчки пензионери од јавниот сектор ќе имаат до 30% пониски пензии. Некаде тие се и преполовени што не е чудо имајќи во предвид дека просечната грчка пензија пред кризата изнесувала 20% повеќе од просечната грчка плата. И покрај тоа многу пензионери и понатаму имаат 13-та пензија во облик на додаток за Божик и Велигден. А сите вработени, и оние кои имаат најниска пензија, од државата добиваат платен шестдневен годишен одмор за кој државата издвојува до 1.200 евра. Грците тоа го нарекуваат “социјален туризам”.
Додаток на најниска пропишана пензија – Најниската пензија пропишана со закон во Грција изнесува 490 евра за 35 години стаж. Меѓутоа на најниската пензија во Грција се уплатува и “солидарен додаток” кој се движи помеѓу 30 и 230 евра.
Во пензија помеѓу 15 и 17 години стаж – Грчките земјоделци можат да одат во предвремена пензија по 15 години стаж откако ќе наполнат 60 години. Жените можат во предвремена пензија со 60 години ако работеле 4.500 работни денови.
Одбитоците за предвремена пензија во Грција се најниски во споредба со други земји од ЕУ каде зависат од староста, брачниот статус и професијата.
Работодавачот плаќа бонус за пензија – Освен доприносите за пензија, кои мораат да се плаќаат по закон, работодавачите во Грција им плаќаат на своите работници и пензиски бонуси во вид на фиксен паушал. Тој износ се пресметува без камати кога вработениот оди во пензија по 35 години стаж, работодавачот на крајот му исплаќа 100 евра за секој месец работа, а тоа е износ од 42.000 евра.
Без катастарски документ нема данок на недвижност – Во Грција долго време не постоел нту еден вид данок на недвижност. Многу имоти на островите и на северот од Грција воопшто не се впишани во катастарските книги. Со самиот тој факт не било возможно да се наплати данок на имот или наследство. Дури во 2009 година грчката влада почнала со наплата преку сметките за струја. Имено, во сметките за струја е впишана површината и староста на недвижнината, а спрема податоците на владата на Ципрас преку еден милион жители не плаќаат данок на недвижнини.
Плаќање данок – Корупцијата е широко распространета во Грција. Многу даночници кога се работи за надзор на финансиското работење ги затвораат очите. Многу клубови или ресторани своите приходи воопшто не ги пријавуваат или прават минимални износи за оданочување. Продавниците и други објекти не плаќаат чистење на улици или услуги за ѓубре. Сето ова е вклучено во општинските даноци кои изнесуваат 5%.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top