Шест неверојатни работи кои ги изумиле жени

Шест изуми кои ја одбележале историјата а ги потпишуваат жени

 |  инфодеск  | 

Кога се во прашање изумите кои ја одбележале историјата веднаш на ум ви доаѓаат имиња како Никола Тесла, Томас Едисон, Леонардо Да Винчи и Алфред Нобел. Но, сепак има и женски имиња во историјата кои донеле одлични изуми.

Брисачи за автомобили – Mary Anderson далечната 1903 година се сетила дека брисачите на автомобилот би можеле да бидат многу корисни. Шипка со гумен додаток која се прилепува на стаклото ја патентирала една година подоцна. Иако нејзината идеја е вклопена во сериско производство неколку десетици години подоцна, денес не можеме да замислиме возење без нејзиниот едноставен, но многу важен изум.

Монополи –  Elizabeth Magie е главна и одговорна за една од најпопуларните игри на сите времиња. Играта е патентирана далечната 1903 година, а Magie ја смислила за да го демонстрира трагичниот ефект кој го носи алчноста и лакомоста.

Соларно греење – Унгарката Др.Maria Telkes е одговорна за првиот систем за греење на соларна енергија. Во 1925 таа се преселила во САД и се вработила на проектот кој се занимавал со оваа проблематика. Во 1940 Telkes го развила и го направила достапен првиот соларен систем за греење на домаќинствата, а во реализацијата добила помош од уште една жена, архитектката Eleanor Raymond.

Пиво – Иако со сигурност не може да се тврди кој навистина го произвел првото пиво, сепак некои истражувања до кои дошле историчарите велат дека тоа била жена. Имено, пред 7.000 години во Месопотамија жените биле задолжени за производство на пиво. Пивото тогаш се сметало за божји дар, а судејќи според популарноста, денес е најомилен пијалок благодарение на женските раце.

Противпожарни скали – Првите противпожарни скали на надворешниот дел од зградите ги изумила Anna Connly. Нејзината идеја ја прифатиле бројни архитекти, а идејата се одржала и ден денес.

Панцир – Верувале или не, заштитниот прслук,попознат како панцир го изумила жена. Нејзиното име е Stephanie Kwolek, а истражувањето кое го спроведувала резултирало со изумот панцир, поточно материјалот кој се користи за изработка на панцирот. Изумот е патентиран во 1966 година, но тоа не бил нејзин единствен изум. Во долгогодишната кариера оваа изумителка патентирала повеќе од 40 различни изуми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top