Сериозно предупредување за учесниците во сообраќајот

Сѐ повеќе сообраќајни несреќи поради користење на мобилен телефон за време на возење

 |  инфодеск  | 

Користењето на мобилните телефони за време на возењето се зголемило за околу 50% во однос на 2008 година а возачите најчесто за време на возењето ги проверуваат новитетите на социјалните мрежи, односно објавувааат статуси и праќаат пораки. Неодамна  спроведеното истражување во Велика Британија, чии резултати се објавени на Yahoo, покажало дека 1,5% од возачите ги користат мобилните телефони и за време на возењето, а една од најголемите причини за користење на мобилниот телефон за време на возењето е зависноста од социјалните мрежи, при што најголем број на луѓе се зависни од Facebook. Мобилните телефони најмногу ги користат младите луѓе од 17 до 29 години, што претставува голема опасност бидејќи младите возачи се и така најбројните учесници во сообраќајните несреќи, а зависноста од мобилните уреди уште повеќе ја загрозува ситуацијата.

“Луѓето мораат да разберат дека проверувањето на статуси на Facebook може некого да убие”, коментирале од британското министерство за сообраќај околу користењето на мобилните уреди за време на возењето.

Од останатите податоци од истражувањето е нагласено дека мобилните уреди за време на возење најчесто ги користат мажи, а истражувањето е спроведено за време на целата 2014 година на 90 различни места во Англија и Шкотска.

Yahoo вели дека, за да разбереме колку луѓето станале зависни од социјалните мрежи, доволно е да се види колкумина додека одат по улица во рацете ги држат своите мобилни телефони и воопшто не обрнуваат внимание на тоа што се случува околу нив.

Досега се забележани многу случаеви во кои возачите биле преокупирани со социјалните мрежи додека возеле а последиците биле предизвикување сообраќајни несреќи со смртни последици. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top