Компанијата Coca-Cola во септември ќе излезе со нов производ на овој газиран пијалок со името Coca-Cola Life.
Новиот безалкохолен пијалок содржи една третина помалку шеќер и калории од оригиналната верзија. Од компанијата објасниле дека новиот пијалок се лансира во склоп со напорите во борбата против дебелината на младите, со која светот се повеќе се соочува.
Лименката од 330 милилитри ќе содржи 22,1 грам шеќер, што е 25% дневно препорачана количина за возрасен човек, во однос на 35% колку што содржи традиционалната Coca-Cola.
Лименката Coca-Cola Life ќе биде со зелена боја, а во септември за прв пат ќе се појави на полиците во продавниците на Велика Британија по пилот проектот во Аргентина и Чиле.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град