Освен во кујната, сенфот можете да ко користите и на друг начин. Ја намалува температурата, ја ублажува главоболката и помага при отежнато голтање. Овој зачин се прави од лековитото растение сенф, само е додадено вода и киселина.
Еве повеќе примери како можете да го користите сенфот како лек:
На изгореница ставете подебел слој и болката ќе исчезне.
Ако имате главоболка, намачкајте го на челото и слепоочниците.
Кога имате настинка и ве гребе грлото, проголтајте една кафена лажица од овој зачин. Можете да направите и напиток ако измешате сенф со сок од лимон, лажица сол, мед и сето тоа измешајте го во пола чаша топла вода. Почекајте да се излади и промучкајте го во устата.
Кога сте настинати и имате температура, две лажици сенф измешајте со лажица морска сол и истурете ја смесата во када со топла вода. Опуштете се во топлата купка 20 минути, а потоа истуширајте се.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град