Села на продажба

По цена на просечна куќа во европските земји

 |  инфодеск  | 

Повеќе илјади напуштени села се на продажба, по цена на една просечна куќа во европските земји, во Шпанија. Рецесијата која ја зафати оваа земја ги натера жителите да распродаваат куќи и земјиште во руралните делови, а цените се движат од 60.000 до 240.000 евра. Евентуалните купци со издвојување на оваа сума би можеле да поседуваат куќа со три соби, пет помошни објекти, извор на вода и околното земјоделско земјиште.

Спрема податоците за недвижнини, во Шпанија има 2.900 напуштени села. Кога започнала рецесијата во 2007 година, сопствениците на овие имоти се селеле кон градовите во потрага по работа.

Некои од овие имоти веќе се купени од странци, најмногу Британци, со цел да ги претворат во убави места за живеење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top