Популарната социјална мрежа Facebook е виновна за секој трет развод во Велика Британија, тврди адвокатската канцеларија Lake Legal со седиште во Лидс.
Кога се почуствува повикан, Facebook пред еден месец им забрани на своите корисници на своите статуси да истакнуваат негативни промени, како што се развод или прекин на врската.
Истражувањето кое го спровела адвокатската канцеларија Lake Legal покажува дека Facebook е прав кршач на бракови. Од 200 случаеви на развод, колку што биле опфатени со анкетата, социјалната мрежа е спомената во 66 случаеви. И тоа не затоа што се користи претерано поради што сопружниците се оддалечуваат, туку поради тоа што се открива неверство на брачниот партнер, а Facebook сѐ повеќе се корист како доказ поради неверствата, наведуваат адвокатите.
“Размената на видео содржини и фотографии, како и следењето и трошоците на сопружниците, пружаат мноштво од податоци кои подоцна можат да се искористат во бракоразводниот процес”, велат адвокатите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град