Еден милон долари за Volkswagen “буба” од 1987 година му понудил еден шеик на нејнетипичниот претседател во светот,уругвајскиот Jose Mujici, но се чини дека тоа не е прва понуда за 79 годишниот шеф на државата познат по скромниот живот.
Спрема неделникот Busqueda, шеикот својата понуда ја изнел на самитот G77 и Кина во градот Санта Круз во Боливија.
“Pepe” Mujica, уругвајскиот претседател кој мандатот го одработи во својата куќа на селскиот имот, а не во претседателска палата, со својот стар автомобил обично се вози за викендите, а во него се довезе и на избирачкото место на изборите во октомври.
Mujica признал дека на првата понуда се насмеал, но како што следела нова, почнал сериозно да ја разбира. “Ако се реализира купопродажбата, сите пари ќе одат на проектот Plan Juntos (градба на станови за сиромашни) или на некој друг добротворен проект во Уругвај”, рекол претседателот.
Спрема последната имотна картичка на Mujica, бубата му е процената на 70,000 пезоси, што е околу 2,800 долари.
“Најсиромашниот претседател на светот”, како што го нарекуваат во печатот ширум светот, повеќе од 80% од платата ја уплаќа во проектот Plan Juntos што го покрена во 2010 година. Нетипичен за политичарите, личност која го отфрла протоколот, “Pepe” Muncia, на кого мандатот му истекува во март 2015, ги плени медиумите со своите потези како што се легализацијата на марихуаната, абортусот и истополните баракови по што Уругвај е првата држава во Латинска Америка која тоа го направила.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град